Гоето, Драгољуб, Спасе и Трендо („Тенеси“) со награда за животно дело, „Антура МК“ со признание за значајни остварувања

03 Јул 2018
314 пати

Вокално инструменталниот состав „Тенеси“ ја доби наградата за животно дело, највисокото признание

што го доделува Општина Кочани во годината. Компанијата „Антура МК“, пак, е добитник на наградата за значајни остварувања во претходната 2017 – та. Вака реши, денеска, Одборот за доделување награди и признанија на Советот на Општината, на седницата што се одржа претпладнево.
ВИС „Тенеси“ е рок состав од шеесетите и седумдесетите години без авторска музика, но со статус на „легендарни“, макар на локално ниво. Според предлогот доставен на самата седница на Одборот, „Тенеси“ најмногу свиреле музика од „Битлси“, „Ролинг стоунси“ и од „ЈУ група“. Биле мошне популарни кога се појавиле и свиреле на различни страни во тогашната држава.
Бендот „Тенеси“ го основале : Благој Михаилов – Гоето, кој свирел бас гитара, Драгољуб Манев – Муцилигата, вокален солист и ритам гитара, Спаско Арсов – Спасе, чија специјалност е соло гитара, и Трендафил Христов – Трендо, кој бил тапанар. Потоа, во различни период во групата членувале и Илами Мехмедов, Лазар Јанев – Лало, Мане Колев, Вангел Карангелов, Слободен Крстев, Јордан Атанасов, Олгица Андонова...
Компанијата „Антура МК“ ја доби престижната награда за значајни остварувања во минатата година. „Антура“ е најголемата странаска инвестиција во Кочани, светски бренд од Холандија. Неодамна го отвори и вториот производствен погон кој се простира на 25 илјади м2. Бројот на вработени изнесува 530.
Реализацијата на главното мото на компанијата е “Unlimited in varieties”, односно неограничена понуда на цветни вариетети. Растенијата се произведуваат во лабораториски услови во согласност со строгите хигиенски стандарди кои се применуваат од страна на сите вработени. „Антура МК“ успеа да креира ефикасен и професионален тим кој го олеснува понатамошниот развој на компанијата, резултирајќи со одржлив производствен процес и производство на високо квалитетни млади растенија од видот на Phalaenopsis.
„Тенеси“ и „Антура МК“ наградите ќе ги примат на свечена седица на Советот на Општина Кочани, која ќе се одржи на Петровден, празникот на градот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.