Одржана завршната конференција од проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“

30 Јун 2018
102 пати

Во ресторанот „Амор“ во Кочани вчера се одржа завршната конференција од проектот „Зелени згради

за заедничка зелена иднина“. На прес-конференцијата говореа претставници од Центарот за развој на Источниот плански регион, од Обласната администрација во Благоевград и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Постигнатите резултатите од проектот, кој е реализиран пред завршниот рок, ги презентираа претставници на Источниот плански регион
Проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ е финансиран од Интерег ИПА-програмата, преку Центарот за развој на Источниот плански регион како водечки партнер во партнерство со Обласната администрација Благоевград. Освен општинската зграда во Кочани, овој проект опфати и реконструкција на обласната зграда во Благоевград. Зградите ја подобрија енергетската ефикасност преку реализирани градежни активности. Вредноста на проектот изнесуваше 408 илјади евра за двете страни.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.