Според МВР – Поранешниот секретар на Општина Кочани незаконски потрошил 200 000 евра за привремени вработувања

29 Јун 2018
2287 пати

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.П. (60)

од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено  продолжено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот како секретар на општина Кочани, спротивно на Законот за агенции за привремени вработувања, преку агенцијата за привремени вработувања „Контакт Бизнис“ - Скопје во 33 наврати ангажирал 38 лица за извршување работни задачи во општина Кочани. На овој начин им овозможил на истите да се стекнат со вкупна противправна имотна корист од 13.313.162 денари на штета на Буџетот на општината.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.