Јапонската амбасадорка Кеико Ханеда на средба со градоначалникот Илијев

26 Јун 2018
81 пати

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев ја прими амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда.


– Денеска имавме ретка можност да се сретнеме и да разговараме со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, средба на која ја искажав мојата благодарност за досегашната соработка со Амбасадата на Јапонија. Разговаравме и за проектите во кои можеме да се вклучиме. За нас е многу интересно тоа што тие финансираат проекти во делот на едукацијата, што навистина сметам дека ни недостасува. Имаме можност да аплицираме за проекти што ќе ја подобрат состојбата во училиштата. Очекувам нашата соработка да продолжи со посилен интензитет и со уште поголеми резултати – рече градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
– Чест ми е што се сретнав со градоначалникот Илијев, разговаравме за досегашните донации од кое едната беше поврзана со реконструкцијата на училиштето во Горни Подлог, и искрено се надеваме дека соработката ќе продолжи – соопшти по средбата амбасадорката Кеико Ханеда.
Градоначалникот и амбасадорката прошетаа низ Кочани и заеднички присуствуваа на изложбата на јапонска графика што се одржа во Центарот за култура „Бели мугри“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.