ЈКП “СОЛИДАРНОСТ“ СО НОВ КОМУНАЛЕН ИНВЕНТАР ВО ГРАДОТ И СЕЛАТА

26 Јун 2018
101 пати

Виница до крајот на годината треба комплетно да биде покриена со нови контењери и столбни канти.

25 нови контењери деновиве ќе бидат поставени на неколку локации во градот. Во тек е акција на замена на контењерите , очекувам до крајот на летото и почетокот на есента да бидат поставени вкупно 60 нови контењери, од кои 25 се веќе набавени, 35 се во фаза на изработка и во текот на есента, покрај градот, и селата треба комплетно да бидат покриени со комунален инвентар, велат од општината. ЈКП “Солидарност“ во интерес на редуцираниот Буџет ќе штеди и на купување столбни канти, кои ќе ги изработува во сопствените механичарски работилници, со што очекува ем поголеми заштеди, ем почист град. Инаку, на почетокот на пролетта, комуналното претпријатие “Солидарност“ ги освежи зелените површини во градот со поставување 50 столбни канти за отпад, како потсетување за нашата еколошка одговорност кон јавните површини

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.