„На секое дете му треба семејство“ – кампања за мобилизирање згрижувачки семејства

24 Јун 2018
131 пати

Во вторник, на 26 јуни 2018 година со почеток во 15 ч., на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“, Министерството за труд и социјална

политика во соработка со УНИЦЕФ ќе приредат настан под наслов „На секое дете му треба семејство“.
Целта на настанот е јавноста да се запознае со процесот на деинституционализација со мобилизирање на згрижувачки семејства.
На присутните ќе им се обратат градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, претставникот од УНИЦЕФ, Бенџамнин Перкс, а презентација на темата ќе има директорката на Центарот за социјални работи, Соња Андоновска. Како активни згрижувачи, свое лично искуство ќе споделат Ленче Амедова и Ацко Незировски.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.