Куриозитет – Два дена не починало ниту едно лице

20 Јун 2018
3435 пати

Вчера и завчера во Кочани се има случено мал куриозитет, во позитивна смисла. Имено,

изминатите два дена според сигурни извори до кои дојде Кочани ФМ Радио, не починало ниту едно лице. Ниту еден покојник не е донесен во Градската капела, што не се случило со денови, месеци и години наназад. И тоа, два дена поврзани по ред, 18-ти и 19-ти јуни 2018 година.
„Имало денови со четири – пет и повеќе покојници, ова е за прв пат еден ден да биде без починато лице во Кочани, а сега дури и два дена по ред“, ни изјави, Илија Гаврилов, кој работи како споменичар и е сопственик на продавницата за погребални услуги во близина на Капелата.
Посакуваме за вакви денови, без смртен случај, да информираме што почесто. Во нашиот убав град да се зголемува наталитетот, а морталитетот да се движи во надолна линија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.