Младинска екоакција на „Светла иднина“

20 Јун 2018
251 пати

Во рамките на проектот „Младите успеваат заедно“ поддржан од проектот за граѓанското учество на УСАИД, Центарот за култура, комуникација

и едукација на Ромите „Светла иднина“ од Кочани организираше Младинска еколошка акција.

Акцијата што ја поддржаа Општина Кочани и Комуналното претпријатие „Водовод“, се реализираше на Споменикот на слободата, а во неа се вклучија 50 лица кои промовирајќи го единството помеѓу младите дадоа придонес за здравата животна околина.

Поддршка на младите во оваа активност изрази и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев кој ги потсети дека тие се значаен фактор во градењето на јавната свест и чувањето на животната средина чиста и здрава.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.