ДЕЦА СО ОШТЕТЕН ВИД МОЛАТ ЗА ДОНАЦИИ ЗА ДА КУПАТ ТВ ЛУПИ ЗА НИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

18 Јун 2018
478 пати

10-годишниот Давид и 13-годишната Катерина имаат оштетен вид и за да можат да го завршат своето

образование нормално, потребни им се специјални ТВ лупи кои родителите не се во можност да им ги обезбедат.

Семејството Рајковски апелира до сите хумани луѓе и институции да им помогнат на младите Давид и Катерина преку донации.

Давид и Катерина се ученици, но тие не можат да ги извршуваат училишните обврски и задачи како нивните врсници поради краток вид, па поради тоа им се потребни специјални ТВ лупи, кои според некоја проценка чинат околу 10.000 долари. Двајцата родители се невработени и живеат со минимални финансиски средства за да можат да ги обезбедат специјалните лупи.

Донациите можат да се уплатат на хуманитарните сметки:

Давид Рујковски

300101000001840

Комерцијална банка

Катерина Рујковска

300101000001937

Комерцијална банка

или пак да директно да стапат во контакт со нивните родители на телефонскиот број: 070/255-982. Семејстото Руковски однапред се заблагодарува и апелира до сите хумани луѓе и институции да им помогнат на Давид и Катерина.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.