„Водовод“ ги отстранува дефектите од невремето во Кочани

16 Јун 2018
272 пати

Поради поројните дождови и високиот водостој на Кочанска Река, во коритото на реката во централното

градско подрачје, дошло до прекин на атмосферската канализација.
- Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ брзо интервенираше и постави нова цевка за атмосферска канализација во должина од 40-ина метри, во близина на Градскиот парк. Ова е само еден од поголемите дефекти што настанаа деновиве од невремето во Кочанско. Нашите екипи континуирано се на терен и настојуваме соодветно да одговориме на задачите – соопшти директорот на „Водовод“, Андреј Киров.
„Водовод“ најави интервенции на уште неколку улици во Кочани каде се појавуваат проблеми од комунален карактер.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.