Општина Кочани аплицира за изградба на фекален колектор во Тркање и за регулација на коритото на Трканска Река

15 Јун 2018
84 пати

Општина Кочани бара средства од државата за реализација на проект за регулација и заштита на Трканска Река од ерозија и отпадни води

и за изградба на фекален колектор.
Техничката документација е подготвена, а според пресметките овој инфраструктурен зафат ќе чини 77, 5 милиони денари.
Со проектот се планира регулација на коритото на Трканска Река на три делници: првата е непосредно покрај регионалниот пат Штип-Кочани, втората се простира низ самото село, а третата е пругоре од селото. Трасата на регулираното корито е со вкупна должина од 1 570 м и главно го следи природното корито на реката.
За уредување на коритото на реката ќе се градат и посебни објекти за осигурување на бреговите, појасни и каскадни прагови, преодни делници и преодни објекти кај мостовите.
Фекалниот колектор, со должина од 1 636 м, е проектиран да ги прифати целосно фекалните води од населеното место и тие да се одведат до Пречистителната станица што е во фаза на градба.

Потребната документација е поднесена и Општина Кочани очекува дотација што ќе овозможи реализација на проектот и подобрување на инфраструктурата во Тркање.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.