Виница ќе добие 39 социјални станови

14 Јун 2018
103 пати

Во Виница ќе се градат нови 39 социјални станови. Објектот е влезен во годишната Програма на

Министерството за транспорт и врски, а според техничката документација, становите ќе бидат со површина од 35-45м2. Ова го најави министерот Горан Сугаревски при претстојот во Виница.
“ Веќе е определена локацијата на социјалната зграда во близина на Комуналното претпријатие ’Солидарност’. Исто така општината обезбеди градежна маркица и парцела до која има улица и друга комунална инфраструктура. Донесен е ДУП за тој дел од Виница, така што се создадени сите услови за градење“, најави градоначалникот Ивица Димитров.
Во тек е тендерската постапка за избор на изведувач и по нејзиното завршување ќе стартуваат градежните работи.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.