За шест месеци – поддршка од 22, 5 милиони денари за инфраструктурни проекти во Кочани

13 Јун 2018
274 пати

Со Одлука за распределба на средства од Буџетот на Република Македонија за 2018 година за

поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, Кочани доби близу 4 милиони денари за реконструкција и изградба на улици.
Средствата ќе бидат наменети за изградба на дел од улицата „Блаже Поп Арсов“ и за реконструкција на улиците „Стамен Манов“, крак 1 исток и „Славчо Стоименов“.
- Оваа поддршка од Владата на Република Македонија претставува поттик за нашата локална политика со која посебен акцент ставаме на подобрување на инфраструктурата како во градот, така и во населените места. Продолжуваме со изработка на нови проекти, со што ги зголемуваме шансите за пристап до нови средства како од централната власт, така и од фондовите на Европската Унија – соопшти градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
За шест месеци, за инфраструктурни проекти за Кочани се наменети близу 22 милиона денари од Владата на Република Македонија: 13,5 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“, 3 милиона денари за изградба на кракови на улицата „Стамен Манов“, 2 милиона за дел од патот Крушка – Полаки и најновите, 4 милиони денари за улици во Ромското Маало.
Покрај финансирањето од централниот буџет, Општината дополнително издвојува и сопствени средства за реализација на градежни зафати. Посебно значајна е промената во приодот во оваа работа, затоа што, според Илијев, улиците кои се пробиваат и тампонираат, веднаш се асфалтираат.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.