Виница – Општината ќе реализира три проекти во вредност од 270 000 евра

07 Јун 2018
64 пати

270 000 евра е вредноста на договорот кој Виница го потпиша со фирмата “Жикол“ за реализација на три

проекти во општината: изградба на фабрика за вода во с.Трсино, фотоволтаични панели за училиштето во Трсино и асфалтирање на селски пат во должина од 1700 метри.
Финансиската конструкција е направаена така што средствата во висина од 75 % се обезбедени преку Светска банка, останатите 25 % ги обезбедува општина Виница. „Со овој договор во рок од 8 месеци треба да се реши водоснабдувањето на с.Трсино, со изградба на Фабрика за вода, а ќе се постават и фотоволтаични панели на училиштето во Трсино, и како трет проект е асфалтирање на пат од с.Трстија преку маало Беловци до маало Маринци во с.Грлани во должина од 1794 метри.“, изјави градоначалникот Ивица Димитров.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.