Започна асфалтирањето на улиците „Карпошово востание“ во Кочани и „АСНОМ“ во Оризари

05 Јун 2018
491 пати

Започна асфалтирањето на две локални улици во општина Кочани со вкупна должина од 496,47 м и тоа три крака на улицата

„Карпошово востание“ и крак на локалната улица „АСНОМ“ во Оризари.
Вредноста на Договорот е 5.466.638,86 денари сo вклучен ДДВ, од кои средствата во висина од 4.300.510 денари се заштеда од реализација на потпроектот „Изградба на 10 улици во општина Кочани“, а средствата во висина од 1.166.129 денари се општинско кофинансирање и ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кочани за 2018 година.
Работите ги изведува Градежното претпријатие „Изгрев инженеринг ДООЕЛ“ од Велес, избрано по спроведената тендерска процедура согласно правилата на Светска банка.
Реализацијата на овој потпроект „Изградба на две улици во општина Кочани“ е според Договорот за заем склучен помеѓу Меѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија, а во врска со остварување на заштедата при реализација на потпроект „Изградба на 10 улици во општина Кочани“ помеѓу Република Македонија - Министерство за финансии и Општина Кочани, со склучен Анекс на Договорот за подзаем.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.