Втора работилница за подготовка на Стратегијата за развој на Кочани

04 Јун 2018
139 пати

На 5 јуни, од 10:30 ч. во ресторанот „Амор“ во Кочани ќе се одржи втората од предвидените три

работилници за подготовка на Стратегијата за развој на општина Кочани.
Учесниците во првата работилница, работеа на SWOT-анализа на состојбите во економијата, туризмот, образованието, културата, спортот, здравството, социјалата... Регистрираните белешки како силни и слаби страни, можности и закани беа испратени на увид и доработка кај членовите на Советот, граѓански здруженија, социјални, спортски и културни работници.
На втората работилница се очекува да бидат дефинирани визијата и мисијата, како и стратешките приоритети и цели.
Стратегијата се изработува низ партиципативен и транспарентен процес со вклучување на сите клучни засегнати страни – јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и со посебен фокус на родовата интеграција во сите аспекти на процесот.
Целиот процес го водат надворешни експерти од UN Women, организацијата која преку регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ ја финансира изработката на Стратегијата за развој на општина Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.