Прес конферениција на ОК на ВМРО – Дпмне за Кочани

02 Јун 2018
210 пати

Протестниот собир на 2-ри јуни особено е важен сега кога постои најсилна опасност молчењето да се

сфати како одобрување, односно како давање согласност со постоечката ситуација.
Знам дека нема човек во нашата општина (освен оние кои се стекнаа со државни функции и високи позиции), кои се согласуваат со:
- Нула проеценти на економски раст во Македонија. Нема граѓанин кој се согласува со економска катастрофа во режија на оваа влада, инфлацијата и основните трошоци за живот бележат континуиран раст, а владата на СДСМ не превзема ништо околу тоа, кој ќе се согласи со неосновано зголемување на акцизата на нафтата со цел да се соберат повеќе пари во буџетот од граѓаните со надворешниот долг кој во последната година се зголеми за вратоглави 560 милиони евра, а притоа секојдневно гледаме дека капиталните инвестиции бележат огромен пад и стагнација.
Нема нормален човек кој се согласува со нарушената безбедност, со разнишана правна држава во своите темели, пад на инвестициите и на девизните резерви, со судство кое се отвора како „пупка”, а работните места во администрацијата се делат како „од дупка”. Обичниот граѓанин одговара за обичен престап, а за функционерите од власта секогаш се наоѓа некоја “пупка во законот“.
Согласно законот за јавни собири организаторот на протестот има обврска да превземе определени мерки во врска со непреченото организирање и одвивање на јавниот собир, а тоа меѓу другото значи и обврска да се реагира за секој кој со „злоупотреба на службена положба и овластување“ ќе се обиде да спречи било кој во намерата да го оствари своето уставно загарантирано право (член 21 од Уставот на РМ).
Затоа испраќам јавно предупредување до сите носители на јавни функции да бидат особено претпазливи и да не си дозволат со било каква форма на притисок да се обидат да влијаат на граѓаните и да ги одвраќаат од намерата да бидат дел од овој протест, а за сите вакви случаи кои ќе ги нотираме ќе бидат известени ОБСЕ, канцеларијата на Европската Унија во Скопје и ќе бидат превземени сите законски мерки пред надлежните органи.
Уште еднаш Ве повикувам за протестот на 2 јуни и Ве известувам дека ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани за сите оние кои немаат сопствен превоз ќе има организиран превоз со тргнување во 17 часот од постројката пред Основен суд Кочани, рече на прес-конференција, Миле Лефков, претседател на кочанскиот огранок на ВМРО - ДПМНЕ.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.