Започнува подготовката на Стратегијата за развој на Кочани

29 Мај 2018
173 пати

Денеска, од 10:30 ч. во ресторанот „Амор“ во Кочани ќе се одржи првата од предвидените три работилници за подготовка на Стратегијата за развој на општина Кочани.


Изработката на Стратегијата ќе биде спроведена низ партиципативен и транспарентен процес со вклучување на сите клучни засегнати страни – јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и со посебен фокус на родовата интеграција во сите аспекти на процесот.
Ќе се работи на подготовка на стратешки план за родово одговорен економски развој како рамка за дејствување, која ги зема предвид расположивите ресурси, пречките и можностите кои водат кон конкретен пристап кон посакуваниот севкупен економски развој.
Втората и третата работилница ќе се одржат на 5 и на 19 јуни 2018 г.

Целиот процес ќе го водат надворешни експерти од UN Women, организацијата која преку регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ ја финансира изработката на Стратегијата за развој на општина Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.