Зрновци – Детската градинка „Бисерчиња“ започна со уписи

28 Мај 2018
647 пати

„Детската градинка „Бисерчиња '' во Зрновци започна со упис на деца од предучилишна возраст,

кои ќе бидат згрижени и воспитувани во установата“, најави градоначалникот на Општина Зрновци, Блаже Станков.
Заинтерисираните родители можат да ги пријават своите деца секој ден од 08-16 часот во просториите на ЈОУДГ "БИСЕРЧИЊА'' во Зрновци.
Потребни документи:
- Пријава за упис на деца ( пријавата може да се подигне во просториите на детската градинка ).
- Потврда за здраствена состојба на детето (пополнува матичен лекар). Потврдата се подига во детската градинка.
- Резултат од микробиологија за брис од грло и нос.
- Потврда за примени вакцини.
ЈОУДГ " БИСЕРЧИЊА" Зрновци
Директор,
Верица Савева
Тел. 071 254 560

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.