Прес конференција на Лефков

20 Мај 2018
513 пати

Миле Лефков, претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ за Кочани одржа прес конференција. Неговата изјава ви ја пренесуваме во целост, без никакви интервенции...


Почитувани членови на ВМРО ДПМНЕ, почитувани симпатизери, сограѓани, пријатели.
За денешното обраќање има повеќе, како политички така и економски теми за кои треба да говориме.Меѓутоа, за жал, има уште една уште поважна и поболна тема-тема во која спаѓаат нашите највисоки национални интереси. Ќе напоменам уште еднааш-за жал, Македонија и македонецот се ставени во една ситуација во која се загрозува се она што е македонско кога со невидена леснотија се преговара и се пазари со нашето уставно име и идентитет, со нашиот
јазик и се руши се она што создавано со векови, само да ве потсетам дека деновиве славиме 1000 години од Охридската архепскопија, се руши она што сме го граделе не само со борба туку со душа песна по песна, книга по книга, збирка по збирка со крв и пот. Македонецот денеска секој ден се буди посиромав, за уште малку позадолжен од вчера и слуша радио гледа телевизија, отвора на интернет за да провери како се вика земјата во која што живее, за да провери кој е тој и како ќе се вика, за да провери како ке се викаат и што ќе бидат неговите деца или внуци, она што го чуствуваа секој македонец може да се опише со два збора И БОЛ И БЕС токму како романот на Славко Јаневски. Тоа не сме го заслужиле.
ВМРО ДМНЕ е за влез на Макдонија во ЕУ и НАТО-но по се изгледа дека за тоа има два начина-едниот од нив е потешкиот -тоа е пат кој не води во ЕУ преку исполнување на сите економски и политички предуслови, тоа меѓу другото значи владеење на правото, ослободување на институциите од партиското влијание и пораст на животниот стандард–ако така влеземе во Унијата ќе бидеме горди на себе и на она што сме го постигнале како народ и ќе бидеме достоен член на Европа но во последно време не убедуваат дека постои и друг-најверојатно пократок пат по кој ќе влеземе во Унијата но да бидеме свесни дека пократкиот пат значи дека ќе влеземе во ЕУ со „свиткана кичма“, понижени, осиромашени, поделени, раскарани и единственото место кое ќе го имаме во Европа на тој начин ќе биде улогата на европско гето.
Денеска Македонија е ставена пред една небиднина од која единствен излез се нејзините граѓани-во овој пресс не станува збор било кој што се занимава со политика-ова е прес за сите нас, за нашата иднина и за иднината на нашите деца. Поради сево ова ве повикувам на 2 јуни во Скопје во 20:00ч на голем протестен собир во кој сите зедно ќе кажеме НЕ НА погубните политики на власта и ке кажеме СТОП на понижувањето на македонецот во неговата сопствена држава.
Како претседател на ОК можам да ве поканам и да ве охрабрам да бидете дел од протестот на 2 јуни- ќе можеме да им кажаме на нашите деца дека тој ден и ние бевме на улица заедно со Македонците.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.