Амбасадорката на Јапонија ја посети Виница

17 Мај 2018
190 пати

Јапонските графики од т.н.Лебдечки свет ја зачнаа првичната соработка на општина Виница со

Јапонската амбасадорка Ханада. Како почесен гостин во рамките на отварањето на изложбата на УКИЈОЕ уметници во организација на Музеј “Теракота“, амбасадорката имаше прва официјална средба со градоначалникот Димитров, кој рече:
“Денес имавме убава и ретка можност да се запознаеме со еден сегмент од јапонската култура, но и да ја продлабочиме соработката со јапонската амбасада. Разговаравме за аплицираните проекти од наша страна на повикот од амбасадата, а кои се однесуваат на реконструкција на кровот во ОУ “Никола Парапунов, како и на реконструкција на ОУ “Гоце Делчев“, искрено се надеваме дека ќе ја добиеме посакуваната подршка “, рече Димитров.
Посетата на Виничко кале и ја раскажа приказната и историјата на овој град, кој за првпат се најде во нејзината агенда, но нејзиниот интерес најави одлична промоција за јапонските туристи “Како што можев да чујам и да видам, вие сте едни од поголемите производители на нашата главна храна –оризот, и тука веќе ја гледам нашата поврзаност и близина. Со вашиот градоначалник разговаравме за нашата соработка, за нашите идни проекти во интерес на граѓаните. Во Виница има што да се види, се надевам дека јапонски туристи и ќе го посетат вашиот град, а се надевам дека и луѓе од Виница ќе ја посетат Јапонија“, истакна амбасадорката г-ѓа Кеико Ханада.
Во интерес на продлабочување на идната соработка, во музејот “Теракота“ градоначалникот Димитров и врачи копија од теракотните икони и примерок од виничката монографија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.