Општинската администрација во екоакција за расчистување на дивите депонии

08 Мај 2018
317 пати

Во саботата, во месноста викана Пресечена Скала, како и на патот кон Пониква, кај Градската депонија,

вработените во Општина Кочани организираа акција за рачистување на дивите депонии.
– Активноста е според препораките на Генералното собрание на ЗЕЛС, а пораката што ја испраќаме е дека сами мора да се погрижиме за почиста и поздрава животна средина. Често се восхитуваме на убавините и хигиената во Швајцарија, Германија или во други држави, но не се однесуваме како жителите на тие земји. За последиците од несовесното однесување сите имаме придонес, затоа повикуваме на совесно и одговорно однесување кон средината во која живееме – повика градоначалникот на Кочани Николчо Илијев.
Во акцијата учествуваше и Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, кое со својата механизација се погрижи за соодветно депонирање на шутот.
Директорот на КЈП „Водовод“, Андреј Киров, потенцираше дека Градската депонија е единственото место за истовар на отпадот и на градежниот шут.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.