Холанскиот амбасадор во посета на Општина Кочани

08 Мај 2018
138 пати

Амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп ја посети Општина Кочани. На

средбата со градоначалникот Николчо Илијев беше изразено обостраното задоволство од проширувањето на холандската инвестиција „Антура“ со нов, втор деловен објект.
Амбасадорот Пломп ја потенцираше досегашната успешна соработка на стопански план која резултира со пет холандски фирми на кочанско тло.
Градоначалникот Илијев изрази надеж дека соработката ќе продолжи и ќе се унапредува со инвестиции како во земјоделството, така и во планинскиот и бањскиот туризам.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.