Миле Лефков нов претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ за Кочани

04 Мај 2018
284 пати

Миле Лефков е новиот претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ за Кочани. Тој е именуван на оваа

функција од централата на партијата после распишаниот конкурс, на кој имаше и други пријавени.
„На седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ а на предлог на претседателот Христијан Мицкоски укажана ми е доверба да бидам претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ –Кочани️. Гоолема чест, задоволство но и огромна одговорност . Можам да ви најавам целосна посветеност во градење на довербата и почитување на сите членови и симпатизери, одржување на творечки амбиент во кој секој несебично го дава својот допринос и е свесен за важноста на своите активности. Како најголема македонска партија, со најмногу освоени гласови преставуваме столб на Македонската демократија и имаме важна улога во јакнење на демократијата, имаме потреба од слободна држава во која владеењето на правото е единствен принцип, а подобрувањето на животниот стандард е приоритет бр.1 Ви ветувам дека моите политики ќе бидат дополнителен придонес и охрабрување на овие процеси“, напиша на својот фејсбук профил, Миле Лефков.
Должноста претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ за Кочани досега ја извршуваше Лазе Митев.
Во Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ во Кочани, Лефков извесен период беше портпарол. Надвор од партијата доскора беше директор на СОУ „Љупчо Сантов“, но си поднесе оставка е разрешен од таа позиција.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.