Општинската администрација во акција за чистење на дивите депонии

04 Мај 2018
202 пати

Согласно препораките на Генералното собрание на ЗЕЛС, Општина Кочани организира акција за чистење на дивите депонии и јавните површини што ќе ја реализира

општинската администрација.
Акцијата ќе се изведе на 5 мај 2018 година, со почеток во 08.00 часот, а вработените во општинската администрација на Општина Кочани ќе го чистат комуналниот смет на потегот од м.в. Пресечена скала до Фабриката за вода.
КЈП „Водовод“ – Кочани ќе изврши порамнување на градежниот шут на овој потег, додека група од вработените од општинската администрација ќе го собира комуналниот смет на потегот од излезот од Кочани до Градската депонија.

Општина Кочани
Одделение за комунални работи

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.