На „Образовното рандеву“ – Пет награди за учениците од „Гошо Викентиев“

04 Мај 2018
1060 пати

СОУ „Гошо Викентиев“ и годинава учествуваше на натпреварот „Образовно рандеву“ – МАССУМ, кој се одржа на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Под менторство на професорот Марија Хаџиева – Митевска, како што информираше професор Лазар Јанков, учениците учествуваа во вкупно 9 категории, од кои дури во 5 добија награди, 2 прво место, 1 второ и 2 трети места, во конкуренција на триесетина средни стручни училишта од Македонија.
Освоени се прво место за најдобар штанд и прво место во пинг – понг за мажи. Второ место во пинг – понг за жени, 1 трето место во категорија интервју на англиски јазик, под менторство на професор Марија Алексиева и 1 трето место во категоријата најдобар постер.
На првонаградените ученици домаќинот им подари ваучери од 1500 евра, доколку школувањето го продолжат на нивниот Универзитет.

Оценете ја оваа вест
(2 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.