На 10 седница на Советот на Општина Кочани – Градоначалникот Илијев доби подршка од ВМРО - ДПМНЕ

03 Мај 2018
1807 пати

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, доби подршка од опозицијата во Кочанскиот совет, односно

од осумте советника на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, на денешната 10 -та редовна седница при усвојувањето на Информацијата за извршување на Буџетот на Општината за првиот квартал од 2018 година. Ова се случи откако тројцата советника, претставници на партии - коалициони партнери на СДСМ, ја напуштија седницата, па владачкото мнозинство, практично, остана без мнозинство. Илијев на локалните избори до функцијата дојде предложен од СДСМ.
Самата Информација за извршување на Буџетот на Општината за првиот квартал од 2018, инаку, во текот на расправата доживеа критики и пофалби. На крајот зборуваше градоначалникот Илијев, кој при тоа, покрај останатото, рече дека со напуштањето на седница, советниците што тоа го направиле, покажале дека за нив поважен е личниот интерес отколку интересот на граѓаните.
„Јас не сум биро за вработување, ниту Општината е биро за вработување и така и понатаму ќе се однесуваме“, нагласи Илијев.
По ова следуваше пауза од 15 минути, по што на говорницата излезе координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Лазо Митев и порача дека сепак тие ќе ја подржат Информацијата за извршување на Буџетот на Општината за првиот квартал од годинава, чиј подносител е кочанскиот градоначалник и покрај недастоците. Промената на нивниот став, според Митев, се должи на транспарентноста на градоначалникот Николчо Илијев и на неговиот начин на работа. За возврат, тој побара од градоначалникот ветување дека она што го зборува и ќе го оствари.
Од своја страна, Илијев ги покани координаторите на сите советнички групи на состанок кај него заеднички да се договорат кои десет улици во Општината ќе се градат.
Седницата е во тек.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.