КЈП „Водовод“ - Пожарот на депонијата е намерно подметнат

01 Мај 2018
125 пати

Во сабота на ден 28.04.2018, сабота, околу 13 ч. намерно е подметнат пожар на градската депонија. КЈП Водовод и противпожарната единица реагираше во најкус

можен рок, пристапи кон гаснење на пожарот и спречување на ширење на истиот. Предизвикувањето на пожар е крајно опасно за околината, предизвикува голема еколошка штета, а доколку дојде до неконтролирано проширување материјалните штети се огромни. За локализирање на пожарот мораме да праќаме цистерни, да ангажираме работници, да ангажираме механизација и возила, а сето тоа е додатно финансиско оптоварување за КЈП „Водовод“, за Противпожарната служба, за Општината и за граѓаните на Општина Кочани. Од еколошки аспект штетата е огромна, се крева дим кој не може да се контролира и неговото простирање зависи од правецот на ветерот. Апелираме до сите граѓани неовластено да не влегуваат на градската депонија и во никој случај да не палат оган на истата. Исто така доколку било кој граѓанин забележи подметнување на пожар на депонијата истото да го пријави во полиција. Информацијата што ви ја соопштуваме е од јавен интерес и ви би биле благодарни доколку одвоите простор во вашиот медиум да ја пренесете истата.

КЈП „Водовод“ – Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.