Од Ротаријанците – ОУ „Св. Кирил и Методиј“ доби преуреден простор за учениците и наставниците

25 Апр 2018
262 пати

Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ доби адаптиран и убаво уреден простор, кој за повеќе намени

ќе го користат учениците и професорите. Просторот е во објектот на училишната зграда, но е под отворено небо. Досега беше напуштен и руиниран. Сега веќе е преуреден, озеленет и со урбано опрема. Овој мини проект го финансираше Ротари клубот Кочани – Виница.
„Овој проект е еден од многуте на Ротари клубот што во изминатите пет години постоње на друштвото на ’ротаријанците’ се реализирани. Идејата, оригинално, е на Ротаракт клубот. Ја разгледавме, ги здруживме силите, вложивме средства и еве училиштето доби убав простор. Околу стотина илјади денари чини проектот, средства обезбедени со наши хуманитарни акции, лични донации и од Ротаракт клубот“, ни изјави Влатко Димитровски, претседател на Ротари клубот Кочани – Виница.
Пред присутните, собрани по повод промовирањето на донацијата, зборуваа Даниел Петровиќ, гувернерот на „Дистрикт 1912“, во кој што членуваат сите ротари клубови од Македонија и Република Словенија, потоа, Игор Андреевски, претседател на Сојузот на Ротари клубовите од нашата држава, како и директорот на ОУ „Кирил и Методиј“, Даниел Кралев.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.