Реконструкцијата на водоводната линија во Виница продолжува со предвидената динамика

20 Апр 2018
153 пати

Од Планираните 10-на улици со овој проект, повеќе од 60% се речиси завршени со исфрлање на старите азбестни

цевки, а во моментот екипи на фирмата изведувач “Коп Инженеринг“, работат на најфреквентните улици во градот на Булеварот “Маршал Тито“ како и на улицата “Браќа Миладинови“, поради што доаѓа и до повремени застоји во сообраќајот. Инаку, со овој проект треба да бидат опфатени 3960 метри од водоводната мрежа во градот или поточно улиците:Славчо Стојменски, Браќа Миладинови, Рдае Кончар, дел од Булеварот Маршал Тито, делови од улиците Страшо Пинџур, Стив Наумов, Илинденска, Димитар Осоговски, Димитар Влахов, Јане Сандански и 4-та Македонска Бригада. Комплетното заокружување на овој значаен зафат од работата на новата Локална власт се очекува да заврши до средината на месец мај. Од 42,5 км водоводна мрежа во Виница, со овој, како и со пшретходните неколку проекти се очекува да бидат комплетирани 19 070 метри, така да според надлежните, за замена ќе останат уште околу 4000 метри стари азбестни цевки.
Средствата за ова реконструкција се обезбедени од Европската инвестициона Банка, Министерството за транспорт и врски и општина Виница. Приклучувањето на домаќинствата ќе оди индивидуално, но откако ќе биде спроведена линијата комплетно.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.