Чешиново - Облешево : Проширување на два моста и пропусти

19 Апр 2018
153 пати

Пред печетокот на наводнителната сезона во општина Чешиново-Облешево деновите се започна

со работа на Проширување на два моста на патот Чешиново-Соколарци и изработка на пропусти над каналетки на пат Облешево-Спанчево .
Станува збор за Проширување од двете страни на армиран бетонски плочест мост-со две полиња (L=5,7м и вкупна должина од L=7,5м) на пат Чешиново-Соколарци, прв мост;
Проширување од една страна на армиран бетонски плочест мост-со едно поле (L=2,9м и вкупна должина од L=4,2м) на пат Чешиново-Соколарци, втор мост; и Изработка на АБ четири пропусти над каналетки на пат Облешево-Спанчево L=2,2m.
Фирма изведувач на работите е ДГТУ „ Евроградба-Инженеринг“ ДООЕЛ. Средствата за изградба се издовени од Буџетот на општина Чешиново-Облешево во вредност од 354.000,00 денари со ДДВ.

Општина Чешиново-Облешево

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.