Вечер на женски права во Кочани

14 Апр 2018
233 пати

Синоќа, Општина Кочани и Комисијата за еднакви можности при Советот на Општината

приредиja „Вечер на женски права“.

Публиката имаше можност да го проследи филмот „Ада за градоначалничка“, по што беше отворена панел-дискусија на тема жената во политиката.

За предизвиците на жената во политиката, актуелните состојби на локално и национално ниво говореа Соња Стаменкова, градоначалничка на Општина Македонска Каменица, Татјана Лазарова Осоговска, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Кочани и Кристина Хаџи-Василева, магистерка по родови студии.

На присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, кој истакна дека е потребно да се работи на јакнење на јавната свест за рушење на одредени родови стереотипи, a посочи и за потребата жените похрабро да дејствуваат и меѓусебно да се поддржуваат.

На „Вечерта на женски права во Кочани“ ѝ претходеше работилница за родова еднаквост со членовите на Советот на Општина Кочани.

Активностите се дел од проектот „Промоција на родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање“ финансиран од UN Women.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.