Полицаец од Кочани продавал марихуана

13 Апр 2018
2348 пати

Основното јавно обвинителство Кочани информира дека е издаде Наредба за спроведување

на истражна постапка против едно лице – полициски службеник на кој му се става на товар дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Врз основа на претходни сознанија и примена на посебни истражни мерки, на 11 овој месец во Кочани по наредба на јавен обвинител од страна на Министерството за внатрешни работи е спроведена акција во која е фатен полициски службеник при продажба на 26,2 грама дрога – марихуана. Осомничениот е задржан во Полициската станица во Кочани и во текот на вчерашниот ден е изведен пред Судија на претходна постапка“, информираат надлежните.
На осомничениот му е изречен притвор во траење од 30 дена.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.