Деветта седница на Советот на Општина Кочани

12 Апр 2018
197 пати

В четврток, 12 април 2018 година со почеток во 15 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи

деветтата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се три точки:
1. Локален акциски план за домување, урбанистичко планирање и комунална инфраструктура - ЛАП 2018 – 2020;
2. Предлог-одлука за измена на распоредот на средства од Буџетот на Општина Кочани за 2018 година;
3. Предлог-одлука за одобрување финансиски средства на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани.
На седницата ќе ѝ претходат подготовки, со седници на Комисијата за финансии и буџет и локален економски развој и Комисијата за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата, кои ќе заседаваат во 9 и во 10 ч.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.