Чешиново – Облешево : Поделени 40 пакети со храна

05 Апр 2018
272 пати

Во пресрет на големиот Христијански празник Велигден, градоначалникот на општина Чешиново-Облешево Горачко Крстев во соработка со Општинаската организација на

Црвен крст - Кочани , организираше хуманитарна акција за социјално најранливата категорија на граѓани од општината .
„ Денес во пресрет на големиот Христијански празник Велигден поделивме вкупно 40 социјални пакети со храна во сите населени места од нашата општина. Со овој хуман гест се подигнува јавната свест за грижа кон оваа група на граѓани. Општина Чешиново-Облешево и јас како градоначалник и понатаму ќе организираме ваков вид на акции и во рамки на нашите можности како општина секогаш ќе се трудиме да им помогнеме на оваа група на граѓани.“- истакна градоначалникот Крстев

Општина Чешиново -Облешево

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.