Се работи на патниот правец Теранци - Кучичино

05 Апр 2018
120 пати

Во општина Чешиново-Облешево , Градежна механизација на Јавното претпријатие „Македонија пат“ од деновиве започна со изградба на втората фаза

на патниот правец Теранци-Кучичино која е дел од Регионалниот пат Виница –Штип.
Должината на овој патен правец изнесува 3 километри , и во моментот се одвиваат градежни работи за порамнување и проширување на теренот и по завршувањето на подготвителните активности ке се пристапи и кон следната фаза за асфалтирање на теренот.
Овој патен правец е дел од регионалниот пат кој ги поврзува општините Чешиново-Облешево, Зрновци и Карбинци.
Изградбата на овој пат е од огромно значење за жителите на нашата општина. Со него ќе се намали сообраќајот кој се одвива по магистралниот пат А3 а воедно ќе се скратат и изминатите километри до соседните општини – изјави Градоначалникот Горанчо Крстев.
Делницата Теранци - Кучичино е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија за изградба на регионалната делница во истокот која ке ги поврзува општините Штип, Карбинци, Чешиново Облешево, Зрновци и Виница. По завршувањето на изградбата на оваа делница Истокот ќе добие комплетно нов алтернативен регионален пат Виница –Штип.


Општина Чешиново-Облешево

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.