Отстранетата грдата слика од комунален смет на потегот од клучката кај Бели до Градската депонија

05 Апр 2018
172 пати

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ спроведе акција за чистење на потегот од клучката кај селото Бели до Градската депонија, на регионалниот пат Кочани – Пониква, кој

долго време беше затрупат со комунален смет и оставаше грда слика за посетителите на овој туристички капацитет.
Општина Кочани преку своите надлежни служби апелира граѓаните да покажат повисока култура и свест во исфрлањето на отпадот и воопшто во однесувањето кон животната средина.
Неодговорното и несовесно однесување резултира и со се повеќе депонии од градежен шут како на патот кон Пониква, така и во градската средина и населените места што е доказ за злоупотреба и нагрдување на непосредната околина.
Одговорните субјекти ќе продолжат со расчистување на околината, а за непочитување на повикот за соодветно исфрлање на отпадот во наредниот период, службите ќе преземат соодветни казнени мерки

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.