Градоначалникот Илијев денеска ќе се сретне со амабасадорите на Швајцарија, Австрија и Франција

22 Мар 2018
338 пати

Денеска, 22 март 2018 г., во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на КЈП „Водовод“, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев

ќе оствари одделни средби со амбасадорите на Швајцарија, Австрија и на Франција. Средбата со амбасадорката на Швајцарија, Сибиле Сутер Тејада е во 10 ч., на градилиштето на Пречистителната станица за отпадни води.
Во салата за состаноци во Општина Кочани, во 10:30 ч. градоначалникот ќе се сретне со амбасадорката на Австрија, Рената Коблер, а во 11 ч. во салата за состаноци со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.
Владите на Франција, Австрија и Швајцарија преку реализација на големи проекти вложиле во водоснабдувањето и во геотермалниот систем и вложуваат во изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.