Законот за јазици проблем во кочанскиот Советот... Советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата

15 Мар 2018
872 пати

Осумте советника на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата ја напуштија седницата на Советот на Општина

Кочани, откако СДСМ со своите партнери не прифатија на дневниот ред да се вметне расправа за вчера донесениот Закон за јазици.
Најпрвин имаше повеќе дискусии за тоа кој е колку патриот и слично, имаше предлог Законот за јазици да се стави на расправа, но на друга, а не на денешната седници, бидејќи советниците немаат квалитетни информации. Но, ова, пак, не го прифатија претставниците на ВМРО – ДПМНЕ.
Потоа, Ангел Максимов, советник од редовите на најголемата опозициона партија во државата и во кочанскиот Совет, ги повика сопартијците и тие ја напуштија седницата.
Расправата ја продолжија пресотанатите 11 советник. Станува збор за осмата редовна седница со триесет точки на дневен ред.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.