Судир помеѓу мотори и „Голф“ – Загина моторџија од Свети Николе

12 Мар 2018
887 пати

На 11.03.2018 година во 16.55 часот на патот Штип-Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу

патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки управувано од Ж.Г.(19) од Кочани, во кое имало тројца сопатници, мотоцикл „Сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки управуван од В.Ц.(39) од Свети Николе и мотоцикл „Хонда“ со бугарски национални ознаки управуван од В.Ј.(33) и сопатник К.Г.(22), двајцата од Свети Николе. Од здобиените повреди на место на настанот починал В.Ц., додека В.Ј. и сопатникот К.Г. се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Медицински центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.