СПРЕЧЕН ОБИД ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ МАРИХУАНА И ЗАПЛЕНЕТИ ДЕВИЗИ, ОБЛЕКА И ДРУГО

06 Мар 2018
798 пати

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за кримчарење марихуана и открија една

измама и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, облека и ремени за затегнување товар.
Задржана е следната стока:

Марихуана
На граничниот премин Деве Баир, царинските службеници во соработка со Министерството за внатрешни работи, спречија обид за криумчарење на околу 88 килограми марихуана.
На 27.02.2018 година за излез од државата се пријавил празен албански камион со приколка, управуван од албански државјанин. Извршен е детален преглед на возилото, при што во внатрешноста на 48 странични даски на приколката, што служат за обезбедување на товарот биле пронајдени околу 88 килограми непозната зеленкаста материја, во која со тестер за дрога било утврдено присуство на марихуана. Дрогата и лицето се предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Девизи
- 7.500 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој патувал со бугарски автомобил, пријавен за излез од државата, на граничниот премин Табановце автопат. Кај патникот биле пронајдени 9.500 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.

Облека
- 4.200 парчиња облека (маици, чорапи, долна облека и крпи) откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Струмица, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 1. Непријавените производи, кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Ремени за затегнување товар
- 110 парчиња ремени за затегнување на товар за товарни возила, откриени при контрола на бугарски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени на креветот и пред совозачкото седиште во кабината на возилото, како и во надворешен сандак на приколката, се привремено задржани, а против возачот
ќе биде поведена соодветна постапка.


Измама
Во царинската испостава Струга е спречен обид за влез на стока чиј увоз е забранет. Увозник од Скопје пријавил за увозно царинење 10.420 килограми Безоловен бензин РОН 95. Поради сомневање дека стоката е неправилно декларирана, била земена мостра и испратена на испитување во царинската лабораторија, од каде бил добиен одговор дека се работи за безоловен бензин кој согласно Водичот за царинење треба да се распореди во друга тарифна ознака, за која увозот е забранет.
Врз основа на резултатите од анализата, царинската испостава изготви записници за царински прекршок и тарифна ознака и донесе решение за враќање на стоката во странство.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.