Три нови лица со привремен ангажман во Општина Кочани

06 Мар 2018
491 пати

Од денеска, 5 март 2018 година, Општина Кочани преку Агенција за привремени вработувања ангажира три лица за работа во општинската администрација. Ангажманот

се должи на покажаните застои во одредени процеси и надлежности во единицата на локалната самоуправа, односно заради подобрување на дејностите што не функционираат. Ангажираните лица се распоредени со работни задачи во локален економски развој, меѓународна соработка и во култура.

Општина Кочани ќе работи на подобрување на капацитетите на општинската администрација, но и на преземање на сите законски мерки за непрофесионално и неодговорно однесување на вработените.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.