Теранци - Таткото го избодел со нож синот, триесетина години помлад од него

05 Мар 2018
1407 пати

Седумдесет и петгодишен маж од кочанското село Теранци со нож го избодел синот, откако претходно

имала расправија меѓу двајцата, која кулминирала со физичка пресметака. Настанот се случил синоќа околу 23, 20 часот, јавува СВР Штип.
Според пријавата Д. С. (75) му нанел две убодни рани на својот син 38-ник со исти иницијали на името како и на неговиот татко – Д.С. Потоа, синот Д.С., бил пренесен во Општата болница во Кочани, каде биле констатирани тешки телесни повреди кај него и бил задржан на понатамошно лекување.
Таткото Д.С. бил приведен во Полициската станица во Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.