Градоначалникот Илијев – на симпозиум за добри практики во управувањето со градовите

01 Мар 2018
205 пати

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев учествува на симпозиумот на тема „Одржлив урбан развој во Југоисточна Европа“ што се одржува

во Виена од 26 февруари до 1 март.
Учеството е по покана на Програмата за урбано партнерство на Канцеларијата на Светска банка во Виена и Михаел Хепл, градоначалник и гувернер на Виена.
На симпозиумот во Виена учествуваат 150 учесници од седум земји на Југоисточна Европа и други делови на Европа и светот: градоначалници, претставници на државни институции и на канцелариите на Светска банка како и претставници на граѓанскиот сектор.
Од Република Македонија, покрај Илијев на симпозиумот учествуваат и градоначалниците на општините Струмица, Велес, Крива Паланка, Илинден и Желино.
Целта на симпозиумот е споделување на добри практики во управувањето со градовите во Европа и во светот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.