Кај „Триаголникот“ - Го нападнал продавачот со нож оти не му дал цигари без пари

24 Фев 2018
1639 пати

Побарал бесплатно да добие цигари и кога бил одбиен, револтиран и бесен му зарил нож во ногата на

вработениот во киоскот. Крвавата пресметка се случила утринава, во 6: 30 часот, кај „Триаголникот“ во центарот на Кочани. Подоцна, напаѓачот добил неколку бокса, па пристигнала полицијата.
С.Т. во киоскот сакал да добие кутија цигари, ама не сакал да плати. Му се заканил на Д.П., вработен во тобако –центарот, дека ќе го прободе со нож. И тоа навистина го направил. На Д. П. му е укажана лекарска помош во Кочанската болница.
Ова се случило во близината на популарниот кочански „Триаголник“, каде што се забележуваат крвави траги од настанот.
Полицијата работи на расветлување на случајот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.