Програмата Општинско-корисна работа со поддршка на социјално ранливите групи и на невработените

22 Фев 2018
248 пати

Денеска во 10.30 ч. во просториите на Центарот за донации во Кочани (поранешна „Порака“),

соработниците и ангажираните лица од проектот Општинско-корисна работа ќе информираат за текот на активностите и за придобивките од проектот што Општина Кочани го реализира во областа на социјалната заштита.

Програмата Општинско корисна работа преку проектот „Со добра волја кон подобро утре“ во Општина Кочани се реализира по четврти пат.

Оваа година за Општина Кочани има одобрено најголем број ангажирани, максимална бројка од 15 лица во пет различни области и тоа: шестмина во давање услуги на деца од предучилишна возраст, четворица за услуги на стари и изнемоштени лица, двајца како асистенти на лица со хендикеп, двајца за услуги во Центарот за донација и едно лице е ангажирано во посредување во делење на храна во народната кујна.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.