МВР официјално : Сопружниците мртви, ќерката се бори за живот

15 Фев 2018
2445 пати

На 15.02.2018 година во 03.10 часот во Полициската станица Кочани се јавилa женa и пријавилa дека во куќа на

ул. „9-ти Мај“ во Кочани таткото ги тепал сопругата и ќерката. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што на покривот од куќата го затекнале Б.А.(54) од Кочани. Непосредно по доаѓањето на полициските службеници, Б.А. скокнал од покривот и починал. Во куќата во неконтактибилна состојба биле затекнати Л.А. (44), сопруга на Б.А., и неговата ќерка И.T.(22). Тие биле пренесени во Општата болница Кочани, каде Л.А. починала, а И.T. се уште се наоѓа во неконтактибилна состојба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.