По повод 100-те дена власт на СДСМ: Прес на ВМРО-ДПМНЕ

11 Фев 2018
82 пати

На прес конференција ОК на ВМРО-ДПМНЕ излезе со низа критики за стоте дена од владеењето на СДСМ и градоначалникот

на Општина Кочани, Николчо Илијев. Според огранокот на најголемата партија во државата, ништо нема од ветените капитални проекти, наместо да се напредува направени се чекори наназад
„ВМРО – ДПМНЕ во изминатите 100 дена беше конструктивна опозиција поддржувајќи ги сите проекти на градоначалникот кои се од интерес на граѓаните на Општина Кочани. Во изминатите 100 дена од доаѓањето на новата локална власт под мотото ’Живот за сите’, тие најавија повеќе проекти: чист воздух за сите, чиста вода за сите, плата од 500 евра за сите, подобар живот за сите, расчистување со непотизмот во сите слоеви на општествениот живот.
Новата локална власт од овие проекти го спроведе следниве: незаконско зголемување на данокот на градежно земјиште, партиски и семејни вработувања на членови на семејствата на високи функционери, зголемување на цената на водата за пиење, тампонирање на 500 метри изгребан асфалт на магистрален пат Кочани – Делчево, проект на ВМРО – ДПМНЕ, поставување на 150 метри квадратни бехатон плочки, незасконска промена на раководители и директори на локално ниво под присила, уцена и закана, незаконска промена на членови на управни одбори и училишни одбори, политички прогон на политички неистомисленици.
За капиталните проекти кои се од суштинско значење за животот на граѓаните на Општина Колчани се уште не слушнавме. Продолжување на стопираните активности на проектот брана Речани, проектот ескпресен пат Штип – Кочани и други веќе отпочнати проекти.
Овие 100 дена споредени со 100-те дена на ВМРО ДПМНЕ изгледаа вака: Намалување на данокот на градежно земјиште за 25 проценти, изградба и осветлување на повеќенаменско игралиште во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, распишување на конкурс за изградба на фонтана и паркинг простор над кочанска река за решавање на сообраќајнниот метеж, замена на старите прозорци со нови во основните училишта „Никола Карев“ и „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, реновирање на мостот на Оризарска река и проширување и осветлување на влезот на населбата Оризари, попис и замена на електричните улични светилки во периферните реони на Кочани, отпочната акција за изградба на потпорни ѕидови и многу други проекти“, изјави на прес конференција, Кирил Георгиев, претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ.
На прес-конференцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани уште беше кажано дека работата на локалната власт ревносно ќе биде следена и во иднина, со тоа што останува на граѓаните да дадат оценка за тоа кој гради и кој нуди демократија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.