Од „Албиро“ – За Општата болница униформи од 8 илјади евра

10 Фев 2018
281 пати

Општата болница од Кочани доби комплетно нови заштитни униформи за сите вработени. Донатор е

„Албиро“, фирма од Австрија, која е една од најреномираните во Европа во изработката на ваква медицинска облека.
Иницијатор за донацијата е кочанскиот градоначалник, Николчо Илијев, при што, тој, имаше помош од фирмите „ИНТ“ и „Филип интернационал“.
Двесте и осумдесетте униформи во вредност од околу 8 000 евра на директорката на Општата болница, Борка Панова, и ги предаде Илијев. Истовремено, тој најави нова донација за Јавната здравствена установо во опрема и апарати, со поголема вредност од униформите.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.