Чешиново – Облешево : Улицата „Стојан Јакимов“ во с.Теранци уште малку па готова

07 Фев 2018
342 пати

Завршуваат градежните активности во врска со изградбата на улицата „Стојан Јакимов“ и на крак од

истата во селото Теранци, информираат од Општината Чешиново - Облешево.
Сретствата за оваа активност се обезбедени преку Јавниот повик за користење на ЕУ ИПА грант објавен од Министерството за финансии и наменет за рурална инфраструктура. Со изградбата опфатена е улицата „Стојан Јакимов “ со должина од 224 метри и крак од истата улица со должина од 138 метри, кои ќе бидат поплочени со бекатон со дебелини од 8см .
Вкупната вредност за извршување на наведените работи изнесува 2.199.393,00 денари (без ДДВ).
.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.